На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа моментот кога ајкула напаѓа пливач во плитките води на Средоземното море кај градот Хадера, Израел. Сцената се одвива пред очите на бројни присутни, кои во шок го следат немилиот настан од брегот, објави британскиот „Мирор“.
Според соопштението од итната помош, веднаш по нападот започнало интензивно пребарување на подрачјето, а плажата е затворена до понатамошно известување.
На снимката се гледа како ајкула плива во плитката вода, додека дел од луѓето панично бегаат, а други со неверување го набљудуваат грабливецот од безбедна оддалеченост.
Shark attack kills an Israeli person in Hadera. pic.twitter.com/36HGa9a6Iu
— Clash Report (@clashreport) April 21, 2025
Во еден момент се гледа како пливачот почнува да се бори, се врти во водата, а потоа водата одеднаш се обојува во црвено.
Сведоците останале немоќни, шокирани од трагичниот настан, без можност да му помогнат на пливачот.
Израелските медиуми пренесуваат дека при обид за спасување, ајкулата нападнала и нуркач од спасувачката екипа. Крајбрежната стража на општина Хадера соопшти дека претрагата се вршела и со џет-ски, во обид да се лоцира исчезнатиот пливач.