На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео кое предизвика бурни реакции кај јавноста. На снимката се гледа дете како малтретира домашно куче, држејќи го за едното уво и удирајќи го со другата рака. Во еден момент детето вели: „Што е со тебе проблемот“, додека кучето ржи и реагира, предизвикувајќи кај детето плач.
Видеото е објавено на Инстаграм стори и веднаш предизвика реакции на осуда од граѓаните и здруженија за заштита на животните.
„Ова не е игра, ниту воспитување. Станува збор за малтретирање и нечовечно постапување со животно, што е казниво со закон. Агресивното однесување кај децата е последица на неодговорно воспитување, а секое насилство, било врз човек или животно, остава трајни последици и поттикнува уште поголема агресија. Одговорноста е кај возрасните“, порачаа загрижените граѓани.
