Скијањето е одлична забава за многумина. Со глобалното затоплување и температурните скокови, снегот има се помалку, па затоа сите, особено децата, треба да го искористат малкуто време што и останува на планетата за да уживаат во магијата на снегот.
Токму тоа го имало на ум малото девојче кое без страв седнало на жичарницата за конечно да се спушти по снежната падина.
Човек планира, а ѓаволот се смее, оди народната мудрост, која и овој пат се покажа како непогрешливо точна.
Како што може да се види на видеото кое се појави на социјалните мрежи, девојчето паднало од жичарницата.
Не се знае каде и како се случил потенцијално фаталниот инцидент.
Она што се знае е дека по прелиминарниот преглед по самиот пад, девојчето немало видливи повреди. После тоа ја испратиле во болница на детални прегледи.
Заробени во гондоли
За потсетување, жичарницата во швајцарскиот ски-центар Вејсоназ се расипа оваа сабота, а неколку десетици скијачи останаа заробени во гондолите, јавуваат локалните медиуми.
– Бевме принудени да ги евакуираме патниците, некои со хеликоптер, откако попладнето се расипа ски-лифтот во Вејсоназ. Безбедноста на нашите посетители никогаш не беше загрозена поради оваа неисправност, но одлуката за евакуација е донесена за да не чекаат предолго – изјави портпаролот на компанијата НВРМ, која стопанисува со ски-лифтовите, а пренесува швајцарскиот Инфо портал.