ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Доктор од Македонија прегазил куче во Софија – излегол од автомобилот, го погледнал и си заминал!

Македонски лекар, вработен на Воено-медицинската академија во Софија, се соочува со можност за затворска казна до пет години, откако со својот автомобил прегазил куче — маалски миленик во еден дел од бугарската престолнина.

На социјалните мрежи се појавија снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот на инцидентот. На нив се гледа како возачот го прегазува кучето, излегува од автомобилот за да го погледне, а потоа повторно се враќа во возилото, преминува преку животното и си заминува.

Жителите од маалото, кои со години се грижеле за кучето, излегоа на протест барајќи строга казна за сторителот. Тие велат дека животното било мирно, старо околу 12 години и дека никому не правело штета.

На гаражата на лекарот, кој наводно ја напуштил зградата по настанот, соседите испишале порака со зборот „Убиец“.

„Како може човек што спасува животи да направи вакво нешто? Сме шокирани и згрозени“, изјави една жителка од соседството за бугарските медиуми.

Соседите додаваат дека лекарот живеел под кирија во зградата и дека по инцидентот исчезнал. „Намерно го прегази. Можеби мислеше дека ќе се тргне, но кучето беше старо, не можеше да реагира“, изјави една жена од зградата.