Вознемирувачка снимка што кружи на социјалните мрежи повторно го отвори прашањето за врсничкото насилство, откако на видеото се гледа напад врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром.
На снимката се забележува како девојчето е на колена и бара да престане нападот, додека неколку други девојчиња го навредуваат, го удираат и го влечат за коса.
Особено вознемирувачки е што дел од присутните не се обидуваат да го спречат инцидентот, туку го снимаат случувањето со своите телефони и ги охрабруваат оние што го вршат нападот.
Случајот предизвика низа реакции кај граѓаните, кои бараат надлежните институции итно да го испитаат настанот и да утврдат одговорност за сите што учествувале во насилството, но и за оние кои не спречиле да продолжи.
Врсничкото насилство, особено кога се снима и споделува на интернет, претставува сериозен проблем кој може да остави долгорочни последици врз жртвите.
Погледнете го видеото на линкот.