Вработен кој бил на боледување 15 години решил да ја тужи компанијата: Еве зошто се решил на овој чекор

Работник кој 15 години бил на боледување решил да ја тужи својата фирма.

Јан Клифорд, вработен во ИБМ, покрена правна постапка против неговата компанија тврдејќи дека бил дискриминиран поради неговата попреченост, откако неговата плата не била зголемена за време на повеќегодишното боледување.

Клифорд, кој е на боледување од 2008 година поради низа сериозни здравствени проблеми, вклучително и леукемија, минатата година поднесе тужба против ИБМ. Тој посочува дека доколку бил вработен, најверојатно платата ќе му била зголемена во согласност со инфлацијата, што би обезбедило подобра финансиска сигурност за него и неговото семејство.

Судот го одби неговото барање

По преговорите со ИБМ во 2013 година, постигнат е договор според кој Клифорд останува на платниот список, без работни обврски, со право на 75 отсто од претходно договорената годишна плата од 72.037 фунти, што е околу 54.000 фунти. И покрај тоа, Клифорд минатата година поднесе тужба барајќи зголемување на платата, тврдејќи дека ИБМ ги прекршила правата на лицата со посебни потреби со тоа што не ја подигна неговата плата во изминатата деценија.

Тој треба да плати данок на сумата што ја добил

Сепак, 50-годишниот Клифорд вели дека шансите да доживее 65 години се „многу мали“ и дека само сака да се погрижи неговиот син да биде финансиски згрижен откако ќе умре.

– Луѓето можеби мислат дека тоа е дарежлива сума, но овие суми се наведени бруто и без даноци … Јас плаќам данок за сето тоа. Имам син кој е на факултет. Не ти ја намалуваат хипотеката затоа што си болен – изјави тој за британскиот таблоид.

Неговата тужба беше одбиена и оваа година

Сепак, Трибуналот за вработување во Ридинг го отфрли неговото барање, наведувајќи дека Клифорд добива значителен надомест преку специјална шема за попреченост, која е дизајнирана како долгорочна поддршка за вработените кои не се способни за работа. Судот заклучи дека нема основа за тврдења за дискриминација и дека договорот на Клифорд со IBM предвидува стабилна, предвидлива исплата во текот на периодот на инвалидитет.

И оваа година, во 2024 година, тужбата на Клифорд против IBM беше одбиена, потврдувајќи ја претходната одлука на судот.