Значајни целодневни нарушувања во јавниот превоз низ цела Германија се очекуваат денеска поради штрајк на национално ниво, организиран од синдикатот Верди.
Се очекува автобусите, трамваите и подземните железници во многу општински јавни превозни претпријатија да не сообраќаат.
Како што најавија претставниците на синдикатот Верди, штрајкот ќе се одржи во речиси сите 16 сојузни покраини.
Според наводите на синдикатот, единствено Долна Саксонија во почетокот нема да биде опфатена со штрајкот. За околу 5.000 вработени во јавниот превоз во Долна Саксонија постои договор засега да не стапат во штрајк.
Во меѓувреме, регионалните и приградските возови на железничкиот оператор „Дојче Бан“ (DB) треба да сообраќаат без ограничувања, пренесува ДПА.
