Вработените во затворот не ја прифаќаат оставката на Котевски – изготвиле и потпишуваат петиција

Откако премиерот Зоран Заев побара од директорот на затворот Шутка да си поднесе оставка, таа беше прифатена и директорот на денешната прес конференција најави дека тој ќе поднесе неотповиклива оставка по завршувањето на истрагата околу пресметките поврзани со екс министрите.

Но, вработените во затворот не се согласуваат со барањето на Заев и одлуката на Ѓоко Котевски дека ќе поднесе оставка, па денеска изготвиле и потпишуваат петиција за Котевски да остане на функцијата.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното