Неколку врани нападнале жена на булеварот Краља Александра во Белград во понеделникот наутро.
Како што за порталот Н1 потврдија од итната помош, 60-годишна жена се здобила со повреди на главата поради напад на птица. На лице место и била укажана помош и е пренесена во Ургентниот центар.
Синот на нападнатата за Н1 изјави дека нападот се случил додека неговата мајка била во дворот пред куќата на Булевар Краља Александра бр. 163. Тој додава дека луѓето треба да внимаваат на птиците кога ќе го поминат тој дел од булеварот.
Од Итната помош велат дека поради можност за зарази, нападите на птици не се безопасни, дури и ако повредите не се сериозни.
Затоа ги советуваат граѓаните да се пријават во Здравствен дом, или да се јават во Итна помош доколку птицата ги „колви“.
Додаваат дека покрај основната нега понекогаш е потребно пациентите да бидат прегледани од хирурзи или доктори од други специјалности.