Македонија

Вратени на работа 7-те Албанци кои беа отпуштени од Mинистерство за односи меѓу заедниците

Вратени на работа 7-те Албанци кои беа отпуштени од Mинистерство за односи меѓу заедниците

По еден месец, 7-те Албанци кои беа отпуштени од своите работни места во Министерството за односи меѓу заедниците , предводено од Иван Стоилковиќ, се вратија на своите работни места.

Нивното отпуштање предизвика бројни реакции во јавноста, а сега е утврдено дека било неосновано и неправедно. Одлуката за нивно враќање ја донела Агенцијата за администрација.

По оваа одлука на Агенцијата, вработените имаат право да тужат и да бараат надомест на штетата предизвикана во периодот кога биле отпуштени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни