Македонија

Вратите се отвораат во 17 часот: Важни информации за посетителите на концертот на Дејвид Гета

Вратите се отвораат во 17 часот: Важни информации за посетителите на концертот на Дејвид Гета

Организаторите од „Авалон продукција“ упатија важни известувања и упатства до публиката која вечерва ќе присуствува на музичкиот спектакл на David Guetta во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 17:00 часот, додека официјалната музичка програма започнува во 20:00 часот. Како предгрупи за светската диџеј ѕвезда ќе настапат Sempre и DJ Nikifor, по што следи главниот настап на Guetta.

Со цел настанот да помине во најдобар ред, од продукцијата апелираат до сите посетители:

  • Рано пристигнување: Посетителите да се упатат кон арената порано за да се избегнат метеж и долги редици на влезовите.
  • Сообраќаен режим: Поради посебниот режим на сообраќај низ градот, се препорачува користење јавен превоз или доаѓање пеш, наместо со сопствени возила.
  • Замена на влезници: Пултовите за замена на влезниците за нараквици во Градскиот парк (кај „Вембли“) работат до 17:00 часот, па се апелира замената да се изврши навремено.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни