Македонија

Вреди кај ВМРО-ДПМНЕ, Алиу очекува следниот состанок да биде поконкретен

Вреди кај ВМРО-ДПМНЕ, Алиу очекува следниот состанок да биде поконкретен

Коалицијата Вреди денеска пристигна во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се дискутира за формирање нова Влада.

Во изјава за медиумите, Азир Алиу истакна дека по средбата ќе има и соопштение од партиите.

„Ќе зборуваме за методологијата на работа и динамика на работа“, порача Алиу.

На прашање колку средби се очекуваат, Алиу вели дека ќе видат, и веќе следниот состанок ќе биде поконкретен околу ресорите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни