ВРЕДИ: По локалните избори, Ахмети, Таравари и Села остануваат без поддршка

Селотејп коалицијата, составена од лични и партиски интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните звуци на една коалиција во распад, соопшти ВРЕДИ.

„Едниот бара ‘политички договор’ и се обидува да го копира Али Ахмети, кого треба да го праша: што се случи со писмата испратени низ светот и каде исчезна експертизата на Пол Вилијамс? Другиот делува во паника, стравувајќи дека ќе биде изневерен од двајцата.

Според сите анкети, кандидатите на ВЛЕН се во убедлива предност, додека ‘референдумот’ на ДУИ, последниот обид на партијата во паника, им се враќа како бумеранг.

Албанците овој филм го гледаат повеќе од две децении: патриотизам во зборови, кражба во дела.

Дваесет години не успеаја да обезбедат ни питка вода во албанските општини; во некои од нив, водата дури беше загадена со арсен.

Тоа е светот што тие го создадоа: загаден, ненаситен и иструлен одвнатре. Општините под нивно раководство се жив доказ за хаос, сиромаштија и отсуство на каква било визија.

Затоа, Албанците денес му го вртија грбот на ‘лажниот референдум’ што го пропагираат Ахмети, Таравари и Села“, стои во соопштението на ВРЕДИ.