„Време е Европа да има своја војска“: Зеленски повика на создавање вооружени сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Минхенската безбедносна конференција изјави дека е дојдено време за формирање на „европски вооружени сили“, наведувајќи дека борбата на Украина против Русија докажа дека веќе има причина за тоа.

Зеленски рече дека Европа не може да ја исклучи можноста САД да одбијат помош за Европа за прашања што и се закануваат, пренесе АП.

Тој потсети и дека голем број лидери веќе долго време зборуваат за тоа како на Европа и е потребна сопствена армија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното