Судска одлука: Давањето поткуп не е оштетување
Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе правосилна одлука со која се потврдува дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара отштета од 1,5 милиони евра во граѓанска постапка за предметот „Рекет“. Со оваа одлука, највисокиот суд ги одби барањата на Камчев, кој преку ревизија се обиде да ги поништи претходните пресуди на пониските судови, објави Призма.мк
Морално недопуштено договарање
Во образложението на пресудата, петчлениот судски совет истакнува дека Камчев не може да се смета за оштетена страна бидејќи свесно се впуштил во „морално недопуштено договарање“. Судот утврдил дека:
- Тужителот давал пари со цел да си ја олесни сопствената позиција во предметот „Империја“.
- Ваквото дејство претставува кривично дело „Давање награда за противзаконито влијание“.
- Кога двете страни во еден однос се несовесни, ниту една од нив нема право да го бара назад даденото.
Читај повеќе на Призма
