Врховниот суд ја поништи пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и ја поништи одлуката Северина да има заедничко старателство над синот Александар со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.
Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати стрателството на таткото на Александар, пишува Национал и таа одлука ќе стапи во сила веднаш.
Оваа одлука ја потресе Северина:
– Сега врховните судии ја дадоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое десет години ја трпи тортурата на системот, а јас заедно со него. Не сакам сега да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам повеќе да барам никакви неправилности, особено оние кои беа изнесени против правната практика на Уставниот суд, како што вели мојот адвокат. Ама ќе се борам до последна капка крв за моето дете без кое бев 20 месеци, нема да си играте со моето дете. Со кое право? Моето дете не е вреќа компири со која ќе тргувате – изјави Северина за Вечерњи лист.
Пејачката потоа на социјалната мрежа Инстаграм ги објави најтрогателните моменти со својот син.
