Македонија

Втор ден прекин на железничкиот сообраќај – вработените бараат исплата на вториот дел од платата

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во држававa втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври.

Инаку, ова е втор прекин на на работата во Жеелзницата месецов.

На 1 ноември имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември.

По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни