Македонија

Втор круг во главниот град: Се бира градоначалник на Град Скопје, Аеродром, Карпош, Центар и Шуто Оризари!

Втор круг во главниот град: Се бира градоначалник на Град Скопје, Аеродром, Карпош, Центар и Шуто Оризари!

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг.

Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 денеска избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје.

Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Во првиот круг за градоначалник на Скопје гласале вкупно 232 581 граѓанин или 49,04% од вкупниот број на регистрирани избирачи во избирачкиот список.

Во вториот круг, право на глас имаат 474 304 избирачи регистрирани во избирачкиот список на вкупно 685 избирачки места.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни