Граѓаните на четири општини денеска повторно излегуваат на гласање за да изберат прв човек на општината, откако претходниот обид на 19 октомври пропадна поради недоволна излезност. Гласачките места во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се отворени утрово во 07:00 часот.
Причината за повторување на изборите е тоа што во првиот круг не беше исполнет законскиот цензус – на гласање не излегоа потребните една третина (33,33%) од вкупно запишаните гласачи.
Правила и пропозиции
Гласањето ќе трае до 19:00 часот. Идентификацијата на гласачите се врши со важечка лична карта или пасош, а идентитетот се потврдува преку биометриски уреди (отисок од прст).
Според Изборниот законик, за денес да биде избран градоначалник, потребно е „повеќе од половина од граѓаните да гласаат за еден од кандидатите“.
Гласачко тело во бројки
Еве колку гласачи имаат право на глас во секоја од општините каде се гласа денеска:
- ГОСТИВАР:
- Избирачки места: 120
- Вкупно гласачи: 82.870 (78.185 жители + 4.604 во дијаспората)
- ВРАПЧИШТЕ:
- Избирачки места: 39
- Вкупно гласачи: 27.279 (26.318 жители + 950 во дијаспората)
- МАВРОВО-РОСТУШЕ:
- Избирачки места: 40
- Вкупно гласачи: 10.575 (9.622 жители + 951 во дијаспората)
- ЦЕНТАР ЖУПА:
- Избирачки места: 16
- Вкупно гласачи: 7.562 (6.305 жители + 1.257 во дијаспората)
Вчера, ден пред изборите, своето право на глас го искористија болните и немоќни лица, како и лицата во казнено-поправните установи.
