Македонија

Втора жртва на пожарите – загина лице во Крива Паланка!

Втора жртва на пожарите – загина лице во Крива Паланка!

Попладнево пронајдено е починато лице во близина на активниот пожар во Крива Паланка, дознава 4news.mk.

„Денеска (09.07.2025) од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во с. Лозаново, кривопаланечко било пронајдено починато лице. Во присуство на јавен обвинител се врши увид“, вели МВР.

Пожарот што беснее во реонот веќе со часови се шири со голема брзина, зафаќајќи шуми, пасишта и заканувајќи се на домовите во неколку села. Општина Крива Паланка попладнево упати итен апел за помош, повикувајќи ги граѓаните да се приклучат во гаснењето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни