Вучиќ: Државата ќе преземе мерки за обезбедување мир, кој ќе го наруши мирот ќе биде уапсен

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика сите да утрешниот протест во Белград помине мирно, а државните органи да не користат сила, освен во случај на прекумерна потреба, и порача дека државата ќе преземе сите неопходни мерки за да се обезбеди мир и стабилност. Вучиќ во обраќањето до граѓаните нагласи дека утрешниот собир е илегален бидејќи не е пријавен никаде и никогаш, но дека државните органи ќе помогнат во обезбедувањето и додаде дека тоа не постои во ниту една земја на светот.

„Ние сме исклучително демократска земја и наместо палки, кои би се користеле во Германија, Франција и другите западноевропски земји, ќе помогнеме на секој можен начин во обезбедувањето на нивниот собир“, рече Вучиќ.

Тој ги повика сите државни органи на Србија, вклучувајќи ја полицијата и безбедносните агенции, да помогнат собирот да биде целосно обезбеден и мирен. Нагласувајќи дека целосната одговорност ќе ја сносат организаторите на илегалниот собир, Вучиќ рече дека државата ќе направи сé што е во нејзина моќ да ги обезбеди учесниците на собирот, како и сите други луѓе.

„И оние во Пионирскиот парк и сите други луѓе, но и сите други државни институции од учесниците на тој собир. Државата Србија ќе преземе сите неопходни мерки за да се обезбеди мир. Тие кои ќе го нарушат мирот, ќе бидат уапсени и строго казнети. Секој што ќе помисли да нападне оние кои утре ќе демонстрираат, без разлика што нивниот протест е илегален, ќе биде уапсен веднаш. Секој учесник на тој протест кој ќе нападне било кого друг или било која институција, ќе биде уапсен и ќе одговара пред лицето на правдата. Нашата цел е да ја сочуваме стабилноста, да обезбедиме безбедност и во тоа ќе успееме како држава. Ги повикувам сите граѓани на Србија да не прават немири и нереди“, нагласи Вучиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното