Вучиќ: Ги повикувам студентите на дијалог, нека кажат што не е исполнето

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на средба во Јагодина изјави дека ги повикува студентите на дијалог и да кажат кои од нивните барања не се исполнети.

Вучиќ рече дека доколку не сакаат да дојдат кај него, нека кажат јавно кое барање не е исполнето.

„Немојте да мислите дека не знам, дека не постои. Но еве, на мене останува да ги прашам уште еднаш. Ве молиме дојдете и кажете ни кое од вашите барања не е исполнето. Еве, ние сакаме да се вратите во студентските клупи сакаме да напредувате кажете ни кое барање не е исполнето. Еве ние ќе ви го исполниме, само кажете ни кое не е исполнето од четирите што ги поставивте. Рековте дека нема нови“, рече Вучиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното