Балкан

Вучиќ: Граѓаните од регионот наскоро ќе може да се вакцинираат во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека наскоро сите од регионот  ќе може да се вакцинираат во Србија.

Вели дека наскоро ќе им биде овозможено на граѓаните на Македонија, Црна Гора и БиХ да се вакцинираат во Србија против Ковид-19.

Вели, Србија има доволно вакцини за разлика од другите земји од регионот.

-Србија има доволно вакцини. Наскоро ќе им овозможиме на сите граѓани на БиХ, Црна Гора и Македонија да можат да дојдат во Србија и да се вакцинираат, рече Вучиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни