Вучиќ: Не сум убеден дека земјите од Западен Балкан ќе станат дел од ЕУ пред Украина да стане дел од неа

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Котор дека не е убеден оти земјите од Западен Балкан ќе станат дел од Европската унија (ЕУ) пред Украина да стане дел од неа.

„Кога ќе влеземе во ЕУ, дали ќе влеземе заедно со Украина, тоа е друг проблем. Имате свое мислење, но мојата интелигенција ми кажува дека сум во право“, рече Вучиќ на самитот на ЕУ за Западен Балкан.

Се вчитува...

„Во вашите земји можеби ЕУ е толку популарна, во мојата земја не е толку популарна, како што не сме толку популарни и ние, иако сме најголемиот дел од овој регион. Никогаш нема да кажеме лоши работи за важноста на оваа иницијатива“, рече Вучиќ.

Зборувајќи за Планот за раст за Западен Балкан, на панелот „Актуелна состојба и планови за иднината – нов план за раст“, ​​Вучиќ рече дека постои голем ентузијазам и оти се отворила промената во пристапот на ЕУ на Балканот создаде големи можности.

„Многумина не разбираат за што зборуваме овде, а тоа е затоа што не зборуваме за големи политички прашања, туку за животите на луѓето, животниот стандард. Досега имавме квалитетни разговори, мислам дека има уште неколку нерешени прашања, едно или две“, додаде тој.

„Имаше некои одлуки кои не ни беа лесни, прашањето за јавните набавки, за државната помош, дури и за визите. Она што сакав да го кажам, за да можат сите да ме слушнат, е заедничката платежна област во Европа, зелените појаси, прашањето на ACAA – тоа значи договор за оцена на сообразност и прифаќање на индустриските производи“, рече Вучиќ.