Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека е отворен за двете опции според процедурата и за формирање нова влада и за избори.
Тој додаде дека претседателот на СПС Ивица Дачиќ изјавил дека не е за избори, туку за формирање нова влада.
„Милош Вучевиќ поднесе оставка и сега процедурата е следна, продолжуваме со изјавата во Народното собрание, кога ќе се констатира оставката на премиерот Вучевиќ, од тој момент почнуваат роковите од 30 дена, мора да се избере влада во 30 дена, ако не се избере влада, автоматски се распишуваат избори“, објасни Вучиќ.
Според него, претседателот на Републиката е обврзан со закон да ја покрене процедурата за избор на нова влада, но дека секогаш е спорно што точно значи тоа, како и дека ќе ја покрене во согласност со она што се случи во 2017 година.
„Нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди и не знам што друго од оние кои денес веќе немаат два-три проценти, но претпоставувам дека со тоа некому му ласкаат. Јас секако согласно законот ќе ги поканам сите на консултации, да ми го кажат своето мислење видов дека има некои генијални мислења дека пленумот ќе ни одреди каква влада ќе биде итн.“, изјави Вучиќ.