Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека во текот на годинава ќе се одржат избори во Србија, при што како најреален термин го посочи периодот меѓу октомври и декември.
Во гостување на телевизијата Блиц, Вучиќ изјави дека изборниот процес ќе се случи оваа година и оцени дека есента е најизвесната опција за нивно одржување. Притоа, тој нагласи дека очекува убедлива победа на изборите.
Претседателот на Србија посочи и дека не ја исклучува можноста да поднесе оставка, со што би се создале услови истовремено да се одржат парламентарни и претседателски избори.
Во истото гостување, Вучиќ се осврна и на т.н. случај „Генералштаб“, нагласувајќи дека е подготвен целосно да ја преземе одговорноста. Тој изјави дека нема проблем доколку против него биде покренато обвинение и дека нема намера да си додели помилување.
„Целосната одговорност за случајот ‘Генералштаб’ е моја и го чекам обвинението. Помилување нема да си дадам на себе, туку само на другите“, изјави Вучиќ.
