Вучиќ повика на дијалог и најави просечни плати од 1.000 евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека секогаш е за дијалог и затоа го нуди и посочи дека разговорот е лековит, важен и корисен.

Вучиќ ова го изјави во видеото објавено на својот Инстаграм профил на кое одговара на прашања и коментари на граѓаните.

„Многу сум фокусиран и посветен на разговорот, дијалогот со луѓето, затоа го нудам. Одговарам на луѓето, сакам да разговарам со вас и сакам да го слушнам вашето мислење и ставови“, рече Вучиќ.

На прашањето кога просечната плата ќе биде 1.000 евра, Вучиќ рече дека во декември годинава просечната плата треба да биде 1.000 евра.

„Значи декември-јануари, ако успееме да почнеме со работа“, рече Вучиќ.

Едно од прашањата беше да треба да работи во некоја од новите фабрики, која би ја одбрал, а Вучиќ рече дека е важно што има многу прекрасни фабрики, дека се модерни и дека не се знае која е поубава, од ЦТФ, Бросе, Континентал, Бош.

„Тие се прекрасни фабрики, па нема врска, важно е човек да прави што сака и да е задоволен“, изјави Вучиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното