Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија нема никаква врска со саботажата во Зубин Поток на северот на Косово и дека нема намера никому да се правда.
„Секогаш кога има хајка и харанга против некого, прикријте се и не учествувајте во неа, секогаш донесувајте заклучок со ладна глава“, ги советуваше Вучиќ младите од Српската напредна странка со кои разговараше во општината на Стариот Град на трибината „Младите на Србија, стапици и шанси“.
„Никогаш не се оди на улица, без врска со денес, вчера. Никогаш не носиш одлуки во страв и под притисок“, нагласи Вучиќ и посочи дека не сака да избрзува и да коментира за инцидентот на Косово во шест часот утринава.
„Што да правам што да се правдам некому, кога знае дека не сме го направиле тоа, да трчам по светските медиуми и да се извинувам за нешто што не сме го направиле“, изјави Вучиќ.
