Вучиќ се огласи по оставката на премиерот Вучевиќ: „Ќе се бориме и ќе победиме“

По оставката на премиерот Милош Вучевиќ зборуваше претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој на социјалната мрежа Инстаграм изјави дека нема предавање.

„Предавањето никогаш не е и никогаш нема да биде опција за Србија. Ќе се бориме и ќе победиме“, напиша Вучиќ.

Да потсетиме, Владата вечерва ќе одржи вонредна седница и ќе расправа за изборите. На таа седница ќе присуствува и Вучиќ, по што во 20 часот ќе и се обрати на јавноста.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното