Вучиќ се пожали: Денес имам тежок ден во Брисел, ме очекуваат разговори!

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека му претстои тежок ден во Брисел каде, како што е најавено, ќе има средби со сите претставници на ЕУ.

– Денеска имам тежок ден во Брисел и разговори со сите европски претставници кои се новоименувани во Европската комисија. Мојата желба беше да останам утрово на отворањето на овој самит, дури и ако не успеав да ги остварам сите средби – рече Вучиќ во своето обраќање на конференцијата „Србија – Африка: Достоинство“.

Се вчитува...

Тој додаде дека останал да ја покаже важноста на самитот кој првпат се одржува за Србија и африканските земји.

– Сакав да покажам колку овој самит и овој настан е важен за нашата земја – рече Вучиќ и додаде дека се надева дека ова не е последен собир од ваков тип.

Тој изјави дека верува оти ќе се организираат уште многу собири на економски, политички и на сите други нивоа.

– Секогаш со задоволство ќе ги посетиме африканските земји и верувам дека ќе имаме нешто подобри времиња во наредниот период. Се надевам дека ќе можам во име на Република Србија да посетам повеќе африкански земји, да воспоставиме пријателство и да ја конкретизираме нашата соработка и да направиме многу добро заедно во иднина – рече Вучиќ.