Претседателот Александар Вучиќ денеска изјави дека ја прифаќа одговорноста за негативните забелешки во Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Србија, како и дека е уверен дека работите ќе се променат на подобро, затоа што во Владата на Србија гледа жар и голема желба за промени.
„Сфатија дека јас ги водам по погрешен пат и дека е време конечно да тргнат во подобра насока и дека е време сериозно, побрзо и подобро да соработуваат со ЕУ, што јас го поздравувам на секој можен начин. И навистина сум среќен поради тоа, а јас ја преземам одговорноста“, рече Вучиќ одговарајќи на прашања на новинарите од N1 како коментар за тоа што, како што рече, ова е најлошиот Извештај од кога Србија сака да се приклучи кон ЕУ, на заедничката конференција со шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат.
Коментирајќи ги критиките за неговиот јавен наратив, Вучиќ рече дека на телевизија N1 секојдневно во просек од седум до 10 пати го нарекуваат предавник, но дека никој не знае да каже што точно издал.
Тој истакна дека никогаш во последните 12 години никого не нарекол предавник.