Вучиќ: Во Брисел реков дека немало звучен топ, подготвени сме да провериме!

Претседателот Александар Вучиќ изјави вечерва во Брисел, по работната вечера со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, дека разговарале за стратешкиот пат на Србија кон ЕУ, како и за ситуацијата во Србија. Тој им кажал дека на протестот во Белград немало никакво звучно оружје и дека Србија е подготвена тоа да се провери на секој можен начин.

„Им кажав на моите домаќини дека никакво звучно оружје немало, дека сме подготвени тоа да го провериме на секој можен начин и дека ќе дадеме одговор и на Европскиот суд за човекови права, без разлика што неговата употреба не е забранета никаде во Европа. Во САД тоа се користи речиси секојдневно, но ние не го користевме, немаме што да криеме и целосно сме отворени тоа да се испита на секој можен начин“, изјави Вучиќ за новинарите во Брисел.

Вучиќ пренесе дека им кажал на европските функционери дека Србија ќе биде апсолутно посветена на својот пат кон ЕУ, дури и повеќе отколку што била досега.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното