Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја покани Ректорската управа на Универзитетот во Белград да започне дијалог во среда, на 5 февруари, во време што им одговара, во чии рамки ќе се најде решение за актуелната состојба во која наставата на високообразовните институции сè уште е блокирана.
Посочи дека повикува на разговор заради благосостојбата, не само на младите, туку и на целото општество.
„Доколку студентите и професорите имаат став дека дел од барањата не се исполнети или дека не се целосно исполнети, потребно е да се отвори дијалог за ова, како и за сите други прашања кои можат да бидат од значење за надминување на сегашната состојба“, рече претседателот Вучиќ.