Вулканот Левотоби Лаки-лаки во индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара еруптираше денес, исфрлајќи вулканска пепел до висина од 10 километри, објави Индонезиската агенција за вулканологија.
Поради зголемената активност на вулканот, властите го кренаа алармниот систем на највисоко ниво, а десетици жители на селата во непосредна близина се евакуирани од безбедносни причини, објави Ројтерс.
Службениците предупредуваат на можноста за вулканска кал во случај на обилни дождови и препорачуваат расчистување на подрачје во радиус од шест до седум километри околу вулканот.
