За 8 месеци нафтата поскапела дури 18%

Последните промени на цената на нафтените деривати се чини ја прели чашата. Голем е револтото на потрошувачите кои се жалат на високата цена на нафтата.

За 17 отсто или 12 денари поскапе нафтата од февруари годинава до денес. На 29 февруари за литар дизел граѓаните плаќаа по 57 денари, а од денес ќе плаќаат 69 денари.

За 14,5 проценти има зголемување кај еуросупер БС 98. На 19 февруари литар бензин БС 98 чинеше 67 денари, а од денес чини 76,5 денари за литар.

Поскапување има и кај популарно наречениот „плин“. Така, минатата година на бензинските пумпи се продаваше за 29 денари, а сега се продава за 38 денари, или поскап за 31 отсто од лани.