8 лица починаа од компликации предизвикани од грип во деветтата недела од сезоната на грипот. Со ова, вкупната бројка на жртви е 11.
„8 лица починаа од сезонски грип, информираат од Центарот за јавно здравје, а 2.678 лица заболеле од грип минатата недела. Најмладата жртва е 12-годишно девојче од Скопје. Починатите боледувале и од други хронични болести“, јавува репортерката на ТВ21, Алмедина Исајли.
Жртвите биле од 12 до 70 годишна возраст. Пет лица се од Скопје, едно од Делчево, едно од Кавадарци и едно од Охрид. Во однос на неинформирањето на јавноста за останатите 6 починати лица, епидемиологот Кузманова, вели дека законската регулатива не предвидува да се пријават сите случаи на болести во рок од 24 часа.
Во текот на сезоната на грипот 2018-2019, бројот на заболени е 15.200, од кои 80% на случаите се од грипот – тип А. Иако бројот на заболените од грип бележи пад, сепак вирусот од грип сѐ уште е активен. Ова го потврдува истражувањето спроведено на 100 лица, за кои се смета дека се заболени од грип, а кои во 55.5% од случаите покажале симптоми на вирус на грип, заклучуваат од Центарот од јавно здравје.
РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ