АКО некогаш сте се запрашале како Јапонците ги прават најдобрите матени јајца – нивниот рецепт е пред вас. Вкусот ќе ве маѓепса, сигурни сме во тоа.
Јапонските изматени јајца се комбинација на фантастичен вкус и воздушна структура. Откако ќе го направите на овој начин, ретко ќе се вратите на стариот. Го сакаат и најголемите гурмани, ги освојува сите на првиот залак и никој не застанува на една порција.
Состојки:
* 4 јајца
* 1 лажичка оризово вино за готвење
* 2 лажички соја сос
* прстофат шеќер
* малку супа од кесичка измешана во многу малку вода (доволна е една лажица)
* малку путер.
Подготовка
Во сад за матење измешајте ги јајцата, виното од ориз, шеќерот и малку супа измешани во вода, но внимавајте да не се создаде пена. Во тавче на средна температура растопете малку путер и истурете околу една третина од смесата. Кога смесата малку ќе се стврдне, со стапче се тркалаат во ролат кон средината.
Половина од преостанатата смеса истурете ја во празното место во тавата и кога ќе се стврдне, ролнајте го ролатот назад. Повторете додека не се потроши целата смеса со јајца. Погрижете се јајцата да бидат добро испечени!
По желба, додека смесата со јајца се уште е изматена, истурете малку рендано сирење или распарчено сирење – ќе биде уште повкусно!
