Оља Вампирката, вистинско име Оља Ајнфалт Миховиловиќ (58), денеска имаше закажано рочиште за 9 часот во Окружниот суд во Сплит, поради обвинувања за проневера во износ од 17,5 милиони куни.
Таа се приклучи на „Задруга 5“ на почетокот на септември и не се појави на рочиштето.
Во пресрет на влегувањето во „Задруга“, Оља за хрватските медиуми изјави дека не сака да го избегне судењето и дека би сакала да дојде на суд директно од Шимановиц.
На рочиштето не се појави ниту нејзиниот адвокат, Жељко Лубина.
Доколку и се изрече мерка притвор, тогаш за Оља ќе биде распишана меѓународна потерница, соопшти судот.
