За оваа група на луѓе ќе има поддршка од 1000 денари месечно за електрична енергија

Владата во вторникот на седница донесе одлука за субвенционирање на граѓаните кои припаѓаат на ранливите групи, со поддршка од 1000 денари месечно за потрошената електрична енергија во период од 12 месеци.

Оваа одлука ја соопшти портпаролката Марија Митева.

„Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се предвидени со оваа програма да се стекнат со финансиска поддршка и тоа намалување на месечна сметка за потрошена електрична енергија од 1.000 денари во времетраење од 12 месеци“, информираше Митева.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното