Магазинот „Вог“ и оддаде почит на кралицата Елизабета по повод 70-годишнината од нејзиното владеење. Се ближи 96-от роденден на кралицата, а по тој повод на насловната страница на магазинот за април се појави нејзина фотографија од младоста.
View this post on Instagram
Ова е првпат кралицата Елизабета да се појави на насловната страница на ова списание.
Оваа фотографија на кралицата Елизабета Втора е направена во 1957 година, пет години по почетокот на нејзиното владеење. Таа позираше со дијамантска тиара оригинално направена за кралот Џорџ IV.
View this post on Instagram
Инаку, априлското издание на британски Вог ќе излезе со двојна насловна страница – на едната е кралицата Елизабета Втора, а на другата актерката Ања Тејлор-Џој, која ја нарекуваат модна панк принцеза, а на насловната позирала со круна.
View this post on Instagram
