Сепак, претседателот Андрес Обрадор изјави дека „судската власт е киднапирана“ и дека е „заматена од парите и економската моќ“.
За прв пат во историјата на Мексико, неговиот Врховен суд избра жена за претседател. Судијката Норма Лусија Пиња положи заклетва за четиригодишен мандат на чело на 11-члениот суд, ветувајќи дека ќе ја поддржи независноста на највисокиот суд во земјата.
„Независноста на судскиот систем е неопходна во решавањето на конфликтите меѓу властите во управувањето. Мојот главен предлог е да работам на градење мнозинства, оставајќи ја настрана мојата лична визија“, рече Пиња при претставувањето на своите работни планови.
Како претседател на Врховниот суд, Пиња ќе раководи со целото судство. Таа не се смета за сојузник на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, а опозициските партии го поздравија нејзиниот избор. На гласањето, пет беа против, а шест беа за, и покрај притисокот од Обрадор. Лопез Обрадор му даде поддршка на друг судија, Јасмин Ескивел, но неодамна се појавија наводи дека таа ја плагијат на својата дипломска теза во доцните 1980-ти. Државниот универзитет каде што адвокатката дипломирала се уште го истражува случајот.
Претседателот протурка низа контроверзни закони низ Конгресот, но тие беа блокирани од судовите. Поради ова, од клучно значење за него беше изборот на неговиот сојузник за претседател на Врховниот суд. По изборот на Пиња, тој рече дека „судството е киднапирано“ и дека е „заматено од парите и економската моќ“.