Првиот човек на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочува дека на 15 септември се отвора тендерот за вакцина.
„Тендерот ни се отвора сега на 15 септември, во тек на септември – ноември ќе ги добиеме, сега тоа веќе не зависи од нас, туку од добавувачот“, посочува директорот на ЦЈЗ.
Стојанов додава дека вакцините коишто ги најавило Министерството ќе дојдат во исто време, а тие ќе бидат за одредени група.
„5 групи се. За луѓе над 65 години, хронично болни, здраствени работници, бремени жени и деца до пет години. Тие ќе бидат бесплатни“, изјави Стојанов.
Тој вели дека тука ќе има проблем да се постигне, затоа што тоа се многу поголеми бројки, но со искуство од минатата година кога се вклучил и Здравствениот дом и имало 3 пункта, сега може да се очекуваат 4-5 пункта.
„Сега може да има 4-5 пункта во поликлиниките каде ќе се даваат овие бесплатни вакцини така да, и за тоа ќе бидеме спремни“, додава Стојанов.
.
