Македонија

За утре жолт и портокалов метео аларм поради ветер со брзина до 100 км/час

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север, денес во текот на ноќта и утре преку денот ќе дува силен североисточен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/час.

Денес во ноќните часови и утре претпладне ќе има локални врнежи од снег, главно во западните и јужните делови од земјава.

Повремени врнежи од снег, особено претпладне, а на повеќе места ќе се формира помала снежна покривка. Ќе дува силен североисточен ветер, на места ќе достигнува брзина од 90 до 100 км/час.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни