За викенд почнува зимското сметање на времето – не заборавајте да го смените часовникот

Времето во три часот во недела на 31 октомври ќе се смета за два часот, согласно Законот за сметање на времето.

Практиката е секој последен викенд во октомври да се поместува часовникот и да се префрла на зимско сметање на времето, а тоа прашање е регулирано со закон во повеќето европски земји и во Македонија.

Комитетот на Европскиот парламент гласаше за укинување на поместувањето на часовникот во 2021 година, што со децении се случува двапати годишно – во март и октомври.

Оваа временска пресметка трае до последниот викенд во март, кога следи летно сметање на времето.