Македонија

Заборавен законот за високо образование, се усвои пред 13 месеци, нема ниту една измена

Поминаа 13 месеци откако пратениците и членовите на комисијата за образование, наука, млади и спорт го усвои законот за високо образование, со кој се предвидуваа неколку измени, но до сега не е направено ништо. Од граѓанското здружение “Младински образовен форум“ изразија разочараност. Тие очекувале имплементацијата на законот за високо образование да ги затвори старите рани и да им овозможи на студентите да учествуваат во телата кои носат одлуки при универзитетите.

„Ставот на Младинскиот образовен форум за не имплементацијата на законот за високо образование е дека се разочарани бидејќи се надевале дека конечно со новиот закон ќе се средат клучните проблеми на студентите. Проблемите пред се се однесуваат на квалитетот на високото образование и студентската организација. Конкретно, можноста студентите да имаат свој претставник низ универзитетите каде што студираат како и можноста истите да учествуваат во носењето одлуки на нивните факултети“, велат од младински образовен центар.

Пратеничката на ДУИ, Шпреса Хадри, која е член на комисијата за образование, вели дека не е проблематично носењето на законите, туку дека за нивно имплементирање е потребно време.

„Носењето закони е лесно. Полесно е да усвоиш закони отколку да ги имплементираш. Имплементацијата бара време, затоа треба да имаме малку трпение. Работите ќе одат на подобро“, изјави Шпреса Хадри од ДУИ.

Пратеничката од парламентарното мнозинство, Касапи вели дека независно од доцнењето, комисијата работи интензивно за целосно имплементирање на законот.

„Секако дека доцнењето се случува поради забелешките од Владата кон студентите од јавните универзитети во земјава и сите ги имаме усвоено во постапки со по две читања. Денеска го усвоивме статутот на Тетовскиот универзитет и остана само уште универзитетот Св. Кирил и Методиј. Усогласени се сите пријавени забелешки од страна на Владата“, изјави Ѓилимсере Касапи од СДСМ.

Коментирајќи го неимплементирањето на законот за високо образование, пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди вели дека во МОН не останало ништо добро. Тој се надева дека реконструкцијата ќе го опфати и министерот Адеми.

„Нема исчекор во овој правец, не е само тоа, ние најавивме претходно дека ќе има измени на законот за основно и средно образование, ништо во тој правец. За жал станува збор за министерство кое го следат само скандали“, вели Сурија Рашити од Алијанса за Албанците.

За неимплементирањето на законот за високо образование го прашавме Министерството за образование, од таму велат дека процесот ќе биде заокружен во следните денови

Беше пролонгиран најпрво поради ограничувањата што ги наложуваше организацијата на претседателските избори. Исто така, со оглед на фактот што во овие органи и тела ќе членуваат претставници на сите засегнати страни, се чека и на номинирање претставници од страна на Интеруниверзитетската конференција. Владата има предлог и ќе номинира свои претставници.

Уверуваме дека Законот целосно ќе биде имплементиран, затоа што цврста е определбата за крупни промени кои значат унапредување на квалитетот на високото образование

Инаку, со законот за високо образование кој доби зелено светло од комисијата за образование, наука, млади и спорт, се предвидуваше формирање на Агенција за квалитетот на образованието, формирање на посебно тело наречено Адвокат на студентите и формирање на Национален совет за следење на високото образование.  Од Министерството за образование велат  новиот закон предвидува основање на неколку тела и органи кои треба да обезбедат негова правилна и целосна имплементација, кои се во фаза на конституирање.  Од таму додаваат дека процесот ќе биде заокружен во следните денови. Според МОН имплементацијата на законот е пролонгирана најпрво поради ограничувањата што ги наложуваше организацијата на претседателските избори.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

The post Заборавен законот за високо образование, се усвои пред 13 месеци, нема ниту една измена appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни