Министерство за одбрана во Данска, вчера објави дека воената регрутација за жени ќе биде воведена со двегодишно задоцнување.
„Во светло на моменталната одбранбена и безбедносна ситуација, вооружените сили мора да регрутираат повеќе луѓе“, рече министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Според новите правила, жените кои ќе наполнат 18 години по 1 јули 2025 година, би можеле, почнувајќи од следната година, да бидат вклучени во годишна ждрепка која одредува кој ќе треба да отслужи задолжителен воен рок – процедура која веќе важи за мажите.
„Ова е силен чекор кон целосна еднаквост меѓу мажите и жените, а нашата цел е оваа еднаквост да стапи на сила до 1 јули 2025 година“, нагласи Поулсен. Годишното извлекување ќе се одржи само доколку нема доволен број волонтери.
Покрај проширувањето на обврската кон жените, новите прописи предвидуваат и продолжување на времетраењето на воениот рок – од сегашните четири месеци на дури 11 месеци.