На граничните премини утрово се бележат подолги чекања. На преминот „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини нема значителни задржувања.
Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со намалена видливост е присутна на планинските превои Ѓавато и Пресека.
Од „Македонија пат“ предупредуваат на можни ситни одрони на патиштата во усеците и клисурите, со апел до возачите да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила.