4NEWS.mk

Заев: Ако не добиеме датум за почеток на преговорите, ЕУ ќе го казни најдобриот пример во Европа

 
Нашиот фокус во моментов е одлуката на ЕУ за пристапни преговори, за оваа одлука чекаме веќе 15 години, порача премиерот Зоран Заев во рамки на самитот на „Економист“.
 
“Кон средината на октомври нашата земја очекува позитивна одлука од ЕУ, прво затоа што ни ветија. Разбираме дека некои земји се против проширувањето, но мојата прва порака е дека ние не очекуваме веднаш да станеме членка на унијата, туку само да ги започнеме преговорите. Мојата втора порака е дека ако лидерите на ЕУ не одлучат позитивно, ќе го казнат најдобриот пример не само во Европа, туку во целиот свет. Затоа сметам дека отпочнувањето на пристапни преговори ќе биде многу важно за целиот регион” порача премиерот Заев.
 
Деспина Тодоровска

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни