„Нобеловата награда за мир за премиерот на Етиопија Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20-годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја, и инспирација за сите“ напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, честитајќи на наградата на Ахмед.
Заев исто така беше номиниран за Нобеловата награда заедно со Ципрас поради Договорот од Преспа, и се заблагодари на номинацијата од страна на Уидед Бушамауи.