Заев го прифати предлогот на Села за менување на преамбулата

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Зела денеска имаа средба на која после истата рекоа дека постигнат е договор. Ќе има измени во преамбулата на Уставот по барање на Села.

„Средбата беше во духот на договор и компромис. Зборувавме за барањата на Алијансата за Албанците. Со задоволство можам да тврдам дека во иднина ќе нема две категории на граѓани. Не граѓани како другите, туку ќе има само граѓани и ќе продолжува со макеоднскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ и така натаму. Ова го кажувам со задоволство затоа што дадовме придонес сите граѓани да бидат попретставени и повеќе да се чувствуваат рамноправи со сите други. Стоиме на ставот дека Македонија треба да биде членка на НАТО и ЕУ. За албанскиот јазик не сме постигнале договор и компромис, но нема да кренеме раце од нашето барање“, рече Села.

Се вчитува...

Заев истакна задоволство што е постигната спогодба, потврдувајќи дека ќе има бришење на некои зборови од преамбулата.

„Да изразам задоволство од конструктивните разговори и чувствителноста што Алијансата за Албанците ја покажуива кон македонски народ. Во предлог-амандманите е прифатен предлогот на Зијадин Села да се тргне делот „кои живеат во границите“ за да не излезе дека граѓаните Албанци, Роми, Власи како времено да се тука. Сега во преамбулата ќе стои „македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, и така натаму“, истакна премиерот Заев.

Извор: ТВ21